Сезонските настинки, вироза и грип се честа појава во ладните месеци поради зголемена количина на вируси и бактерии во воздухот. Сепак, посклони да подлегнеме на нив сме поради ослабен имунитет. Ова се видовите храна која треба да се избегнуваат ако сакате да ги избегнете кашлањето, кивањето и други несакани последици од болестите.
-Шеќер – Нутриционистите препорачуваат внесување на помал шеќер за време на сите годишни времиња бидејќи оваа намирница има нула проценти хранливи супстанци. Го зголемува нивото на шеќер во крвта и ја намалува можноста на организмот да се бори против бактерии и вируси. Во есенските и зимските месеци експертите советуваат ограничување на оваа намирница.
-Прости јагленохидрати – Шеќерот се крие и во простите јагленохидрати како што е корнфлексот и белиот леб, кои многумина ги земаат како главни намирници за појадок. Конзумацијата на прости јагленохидрати, имено, во телото брзо се претвора во гликоза и така создава исти проблеми за телото како и белиот шеќер.
-Масна и пржена храна – Има многу причини за избегнување на храна која е преполна со заситени масни киселини како што е прженото месо и компирите. Редовната конзумација на вака припремена храна го зголемува крвниот притисок и ризикот од кардиоваскуларни болести, но и го ослабува имунитетот. Нутриционистите напоменуваат дека изборот на храна е клучен за отпорноста на организмот на болести. Затоа советуваат умереност и повремена замена на црвеното месо.
-Алкохол – Не морате да се откажувате од повремена чаша црно вино, но секако треба да се припази на количината алкохол која ја внесувате во организмот. Некои ќе речат дека алкохолот го загрева организмот и затоа се наметнува како логично решение за ладното време. Но, бројни студии покажале дека претераното уживање на алкохол го ослабува имунитетот и така организмот е изложен на разни сезонски болести.
-Млечни производи – И млечните производи се извори на скриен шеќер, па се препорачува нивно умерено земање во ладните месеци. Поточно, докторите утврдиле дека млекото може да ги згусти секретите во градниот кош и грлото и така го успорува опоравувањето од болестите.
{loadposition content9}