Skip to main content

Убил две девојки поради невозвратена љубов

Човекот со иницијали Т.М. од селото Крушар кај Чуприја, кој е уапсен под сомневање дека ја убил поранешната девојка Ивана Стојковиќ и нејзината пријателка Билјана Обрадовиќ, во текот на полициското испитување го признал злосторството, пишува белградскиот весник “Блиц“.

 |  Маја Савиќ  | 
mesto na zlostorstvo
место на злосторство
ubistvoЧовекот со иницијали Т.М. од селото Крушар кај Чуприја, кој е уапсен под сомневање дека ја убил поранешната девојка Ивана Стојковиќ и нејзината пријателка Билјана Обрадовиќ, во текот на полициското испитување го признал злосторството, пишува белградскиот весник “Блиц“.

“Кој минал минута во друштво на Ивана, знае колкава загуба е ова…Ќе живее вечно во нашите срца, се надевам дека сега се на некој поубав и побезбеден свет“, ова се зборовите што Т.М. преку мобилен телефон ги објавил на социјалната мрежа “Фејсбук“, пишува “Блиц“.

Неколку часа подоцна е повикан на разговор во полиција, а кај него е најдена и рамка за пиштол ЦЗ-М70, со кој се верува дека се убиени девојките.
“Во текот на испитувањето призна дека ја уби Ивана, со која некогаш бил во врска, како и нејзината пријателка Билјана. Злосторството наводно го извршил поради невозвратена љубов. Чекал Ивана да дојде од Белград и знаел дека тоа ќе се случи за Велигден. Чекал во селото да се појави автомобилот во кој биле девојките. Кога за забележал “хонда“-та ги стопирал, а девојките застанале бидејќи го познавале и не претпоставувале дека ќе ги повреди“, тврди извор на “Блиц“.

Тој додава дека Т.М. по влезот во возилото извадил пиштол и и’ се заканил на Ивана да вози до Ада, која е пет километри оддалечена од селото и таму ги убил.

{loadposition content9}