Skip to main content

Во училиште цитати од Хитлер

Цитати од Хитлер и Библијата на билборд

 |  инфодеск  | 

За да привлечат внимание на новото училиште, едно американско христијанско здружение нарачало билборд на кој е напишан цитат од Хитлер од 1935 година и цитат од Библијата. Билбордот е сместен покрај еден ресторан за брза храна.

На билбордот е фотографија од група насмеани деца и покрај нив пишува “Оној кој поседува младост ја победува иднината – Адолф Хитлер”.

Хитлер оваа реченица ја изговорил во 1935 година на собирот на германската младина.

Основачот на христијанското здружение, Џејмс Андерег, кој го нарачал скандалозниот билборд, изјавил на новинарите дека рекламата ќе биде тргната и дека не сакал да направи збрка.

{loadposition content9}