УЕФА тргна по Манчестер
Европската фудбалска унија (УЕФА) отвори дисциплинска постапка против премиерлигашот Манчестер Јунајтед, во врска со настаните поврзани со пресметката против Реал Мадрид во рамките на Лигата на шампионите.
Европската фудбалска унија (УЕФА) отвори дисциплинска постапка против премиерлигашот Манчестер Јунајтед, во врска со настаните поврзани со пресметката против Реал Мадрид во рамките на Лигата на шампионите.
Покрај редовната постапка поради црвениот картон на Нани, на „тапет“ се најде и Сер Алекс Фергусон, кој одби да се појави на прес-конференцијата по споменатиот натпревар.
Да потсетиме, „Црвените ѓаволи“ загубија со 2:1 во возвратниот осминафинален дуел против мадриѓаните и беа елиминирани од конкуренцијата, но во меч полн со контроверзни моменти, кои почнаа од моментот кога турскиот суедија Џинејт Чакир го исклучи португалскиот фудбалер при минимално водство на домаќинот.
По овој настан, соочувањето доби поинаков тек и според многумина беше одлучувачки за епилогот на средбата.
По нејзиното завршување искусниот шкотски фудбалски стручњак не се појави на средбата со новинарите, која е обврзувачка, а на негово место дојде асистентот Мајк Филан, кој отворено навести дека се работи за протест.
„Менаџерот секако не е во состојба да разговара со судиите за таа одлука. Тоа што сум јас овде на негово место, говори повеќе за нашиот став од што и да кажеме, изјави Филан.
Исто така, клубовите се обврзани по секој двобој да испратат барем двајца играчи на разговор со „седмата сила“ во т.н. микс-зона, меѓутоа ниту еден фудбалер на Јунајтед не се појавил.
Од европската куќа на фудбалот потврдуваат дека никој од играчите на Манчестер Јунајтед нема да биде обвинет поради протестите и ракциите по натпреварот, па дури ниту дефанзивецот Рио Фердинанд, кој долго иронично аплаудираше непосредно пред лицето на турскиот арбитар.
УЕФА претходно во текот на денот соопшти дека судијата нема да биде казнет поради црвениот картон и оти Турчинот останува на списокот делители на правдата во конкуренција за завршницата на натпреварувањето. Дисциплинската комисија ќе одлучува на 21-ви март.
{loadposition content9}