Skip to main content

Украина пред нов предизвик – финансиска криза

Настаните во Украина ја дестабилизираа целата држава, а нејзината економија се соочува со сериозни предизвици.

 |  Голабовски Крсте  | 
pitac
питач

ukrainaНастаните во Украина ја дестабилизираа целата држава, а нејзината економија се соочува со сериозни предизвици.

Украинското Министерство за финансии и Народната банка заедно со портпаролот и координаторот на владата Александар Турчинов понудија на меѓународните партнери Полска и САД да обезбедат до една – две недели кредит, како прва помош за 2014-2015 година од околу 35 милијарди долари, пренесоа руските весници.

”Во последните денови ние извршивме консултации и средби со амбасадорите на ЕУ, САД и други земји и финансиски организации за привремено доделување на помош за Украина “, се вели во денешната порака на привремено вршител на функцијата министер за финансии Јуриј Колобов.

krizaПо неговите зборови Киев исто така нуди организирање на голема меѓународна донаторска конференција со учество на ЕУ, САД, Полска, Меѓународниот монетарен фонд и други земји и меѓународни финансиски организации за доделување на помош за модернизација и за вршење на реформи во Украина, како и за реализирање на договорите за асоцијација со Унијата.

Претходно денеска британскиот министер за финансии Џорџ Озборн исто така изјави дека Велика Британија и другите западни земји се подготвени да помогнат финансиски, пренесе news expert.

{loadposition content9}