Skip to main content

Украл автомобил со дете во него

Непознат разбојник случајно киднапирал шестгодишно дете синоќа во Белград кога украл автомобил “цитроен ц4“, пишува срспкиот весник “Блиц“.

 |  Маја Савиќ  | 
dete vo kola
дете во кола
dete vo kolaНепознат разбојник случајно киднапирал шестгодишно дете синоќа во Белград кога украл автомобил “цитроен ц4“, пишува срспкиот весник “Блиц“.
Кога видел дека дете спие на задното седиште од автомобилот крадецот само километар подалекува од местото на кражба го оставил автомобилот и побегнал. Полицијата успеал да го лоцира “цитроенот“ пет минути подоцна, а момчето се уште безгрижно спиело во автомобилот.

Весникот наведува дека, таткото на момчето го паркирал автомобилот и отишол во фотокопирница, а детето го оставил да спие. Бидејќи непланирал многу да се задржи, белграѓанецот го оставил автомобилот вклучен, а клучевите ги оставил во бравата.
{loadposition content9}