UNESCO: 250 милиони деца во светот се неписмени
Најмалку 250 милиони деца, на возраст за во основно училиште, од вкупно 650 милиони низ светот не можат да читаат, пишуваат и не ги владеат основите на математиката, покажува извештајот нарачан од Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), пренесоа американските медиуми.
Најмалку 250 милиони деца, на возраст за во основно училиште, од вкупно 650 милиони низ светот не можат да читаат, пишуваат и не ги владеат основите на математиката, покажува извештајот нарачан од Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), пренесоа американските медиуми.
Околу 130 милиони деца посетуваат основно училиште, но не ги покриваат минималните образовни стандарди. Речиси 120 милиони деца многу малку време или воопшто не минувале во училниците, а од нив дури 57 милиони не посетуваат училиште.
Годишно владите низ светот губат по 129 милијарди долари поради необразованоста на овие деца, покажуваат анализите на независната истражувачка екипа, која го изготви извештајот на УНЕСКО.
Според претставничката на УНЕСКО, Вибеке Јенсен, глобалната образовна криза се должи на недостигот на обучени учители, особено во сиромашните региони.
– Повеќето деца посетуваат училиште, но за сметка на квалитетот, изјави таа на прес- конференција.
Во една третина од земјите, анализирани од екипата, помалку од една третина од учителите во основното образование се обучени според националните стандарди.
– Учителите во своите раце ја држат иднината на ова поколение, изјави генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова. „Имаме потреба до 2015 година да вработиме 5,2 милиони учители и треба позасилено да работиме за да им помогнеме на децата да им го обезбедат нивното право за сеопшто, бесплатно и квалитено образование“.
Според извештајот, гарантирањето на еднакво, квалитетно образование може во следните 40 години да доведе до раст на БДП-то по човек од населението за 23 проценти. И покрај тоа приближно половина од децата низ цел свет, кои не посетуваат настава, веројатно никогаш нема да влезат во училница. Тоа вклучува речиси две третини од девојчињата во арапските земји или во субсахарска Африка.
Во 2000 година светските лидери си поставија за цел до 2015 година сите деца во светот да добиваат основно образование. Според извештајот оваа цел веројатно е далеку од реализација и нема да се постигне, а во тоа најмногу заостанува субсахарска Африка. Според истражувачите, ако последните тенденции во регионот се зачуваат, девојчињата од побогатите семејства во регионот ќе ја постигнат целта за завршување на основното образование до 2021 година. А најсиромашните девојчиња во регионот тоа ќе го постигнат дури во 2086 година.
{loadposition content9}