Skip to main content

Глобално присилно раселување

УНХЦР : Се зголемува бројот на бегалци

Заклучно со крајот на 2021, бројот на лицата раселени поради војна, насилство, прогон и кршење на човековите права изнесуваше 89,3 милиони.
 |  инфодеск  | 
Бегалци

Глобалното присилно раселување достигна уште еден рекорд, ограничувајќи го деценискиот растечки тренд, се наведува во денеска објавениот извештај на Агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР. Во извештајот се оценува дека и покрај некои знаци на напредок, брзината и обемот на принудното раселување ги надминуваат решенијата за бегалците.

На крајот на 2021 година, 89,3 милиони лица ширум светот беа принудно раселени како резултат на прогон, конфликт, насилство, кршење на човековите права или настани кои сериозно го нарушуваат јавниот ред. Тоа е за 8 отсто повеќе во однос на претходната година и двојно повеќе од пред 10 години.

Бројот на луѓе принудени да ги напуштат своите домови се зголемува секоја година во текот на изминатата деценија и е на највисоко ниво од почетокот на евиденцијата, тренд кој може да се смени само со нов, заеднички притисок кон создавање мир – наведува УНХЦР.

Годинава, руската инвазија врз Украина – што ја предизвика најбрзата и една од најголемите кризи со принудно раселување од Втората светска војна и други вонредни состојби, од Африка до Авганистан и пошироко, ја надмина бројката над драматичната пресвртница од 100 милиони.

72 отсто од присилно раселените живееле во соседни земји на државите од каде што потекнуваат. Турција прими речиси 3,8 милиони бегалци, што е најголем број во светот, потоа следуваат Уганда (1,5 милиони), Пакистан (1,5 милиони) и Германија (1,3 милиони). Лани 5,7 милиони раселени лица се вратиле во нивните земји на потекло.