Антиоксидантите од циметот ги сатбилизираат нивото на шеќер во крвта и ја намалуваат желбата по јаглени хидрати, не поттикнувајќи притоа претерано лачење на инсулин, што е важен фактор доколку сакате да ја намалите тежината. Експертите наведуваат дека со употреба на циметот лачењето на инсулин е под контрола, што овозможува успешно топење на масните наслаги.
Истражувањата покажале дека со земање на само половина лажичка цимет на ден можете да ја намалите количината на лошиот холестерол. Исто така, тој помага при варењето на храната и влијае на намалување на триглицеридите.
Комбинацијата на јаболко и цимет фантастично го регулира метаболизмот и ефикасно ја намалува тежината елиминирајќи го вишокот на задржана течност во организмот.
Состојки: едно јаболко и едно стапче цимет (или една лажичка цимет во прав)
Припрема: Пресечете го јаболкото на парчиња, додајте го стапчето цимет во сад за вода и ставете изладена или филтрирана 1,5 до 2 литри вода. Оставете го да отстои околу 1 час. Може да се пие кога сакате во текот на денот.
{loadposition content9}