Ураганот Ида прави пустош
Тропската бура Ида премина во ураган и се приближи до Никарагва, принудувајќи над две илјади лица да ги напуштат своите домови.
Тропската бура Ида премина во ураган и се приближи до Никарагва, принудувајќи над две илјади лица да ги напуштат своите домови.
Тропската бура Ида премина во ураган и се приближи до Никарагва, принудувајќи над две илјади лица да ги напуштат своите домови и предизвикувајќи прекина во снабдувањето со електрична енергија во некои делови од земјата.
Според метеоролошките прогнози ураганот ќе го погоди атлантското крајбрежје на Никарагва за неколку часа, ќе мине преку Хондурас и ќе стигне на отворено море в сабота. Постои можност кон средината на следната недела ураганот да се приближи до мексиканското летувалиште Канкун.
Ида се движи со брзина од 120 километри на час и може на места во источниот дел на Никарагва да предизвика поројни врнежи, поради што постои опасност од поплави и лизгања на земјиштето.
Засега нема податоци за жртви.
Властите на Никарагва соопштија дека над две илјади лица се евакуирани од областите, каде силите ветрови разурнале домови, искорнале дрва и предизвикале прекин на дотокот на струја.
{loadposition content9}