Skip to main content

Уште еден самоубиствен напад во Пакистан

Најмалку 24 лица загинаа во понеделник во самоубиствен напад извршен во внатрешноста на хотел во Ривалпинди, град во близина на пакистанската престолнина Исламабад.

 |  Крсте Голабовски  | 
Rivalpindi
Ривалпинди

Најмалку 24 лица загинаа во понеделник во самоубиствен напад извршен во внатрешноста на хотел во Ривалпинди, град во близина на пакистанската престолнина Исламабад.

Rivalpindi„Самоубиецот на мотоцикл го активирал експлозивот во близина на група луѓе, кои чекале во ред исплата на плати. Пронајдовме остатоци од елекот на кој бил прикачен експлозивот, како и делови од телото на самоубиецот“, соопшти портпаролот на полицијата.
„Дваесет и четири лица загинаа во експлозијата, а други 24 се ранети“, додаде истиот извор.
Нападот бил извршен во хотелот Шалимар, во близина на касарната на пакистанската војса, која беше нападната минатиот месец. По нападот следуваше заложничка криза, која траеше 24 часа.Тогаш загинаа 23 лица, меѓу кои тројца заложници.





{loadposition content9}