УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО БУГАРИЈА : Девет лица загинаа во пожар во старечки дом
Во пожар во дом за стари лица во селото Ројак во источна Бугарија загинаа најмалку девет лица, при што некои од задушување од чад, изјави висок претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи.

Пожарот, кој го зафатил дрвениот покрив на домот за стари лица околу 18 часот по локално време, за кусо време е изгаснат, а 58 стари лица кои живееле таму се евакуирани, изјави Тихомир Тотев, раководител на регионалното одделение за противпожарна заштита, пренесе Ројтерс.
Кога шесте противпожарни возила стигнале до куќата, покривот беше зафатен од огромен пламен и црн чад. Пожарникарите почнале да ги евакуираат жителите на домот, но за жал животот го загубија девет лица – рече Тотев.
Според него, причината за пожарот се истражува. Најголем дел од жителите на домот се тешко подвижни.