Skip to main content

Ватикан бара расветлување на случаите на злоставување на деца

Папата Бенедикт 16 им даде поддршка на германските бискупи во напорите за расветлување на случаите на сексуално злоставување на малолетници во католички установи.

 |  Маја Савиќ  | 
sveshtenik
свештеник
vatikanПапата Бенедикт 16 им даде поддршка на германските бискупи во напорите за расветлување на случаите на сексуално злоставување на малолетници во католички установи.

„Папата го проследи извештајот со жив интерес и длабока погоденост“, порача по средбата во Ватикан претседателот на германската Бискупска конференција, надбискупот Роберт Цолич, пренесува Дојче Веле.

Цолич, по разговорот со папата, уште еднаш јавно се извини за случаите на сексуално злоставување на малолетници во католички установи. „Црквата ги презема сите можни напори за расветлување на злоделата, за да им пружи утеха на жртвите, како и за спречување такви деликти да се повторат“, порача Цолич и додаде: „Свесни сме за нашата одговорност. Сакаме да ја откриеме вистината, жртвите имаат право на тоа“, нагласи Цолич на средбата со новинарите во Ватикан.

Токму околу начинот на расветлувањето на случаите во Германија се води остра јавна дебата, при која веќе дојде до сериозно заострување на односите меѓу надлежната министерка за правда, Сабине Лојтхојзер Шнаренбергер и претседателот на Бискупската конференција Роберт Цолич. Недоразбирањата се појавија откако министерката побара потесна соработка на црквените институции со надлежните државни органи, пишува Дојче Веле.

{loadposition content}