Viber денес објави покренување на потполна “end to end” енкрипција на сите уреди вклучувајќи ги и оние кои работат со Android, Apple, персоналните компјутери и Mac компјутерите. Сите кориснци со последната верзија на Viber ќе можат да ја користат оваа опција во наредниот период, во која е вклучена подобра безбедност за сите гласовни или видео повици, пораки, видеозаписи и фотографии, и во групните и во поединечните разговори. Дел од оваа надоградба е и опцијата за скриен “chat” која на корисниците им овозможува криење на одреден чет на главниот екран така што никој освен самиот корисник не знае дека овој разговор постои. На вака скриен чет може да му пристапи единствено самиот корисник со внесување на четирицифрен пин, а со што му се овозможува на корисникот додатно ниво на безбедност при личната комуникација.
“end to end” енкрипцијата ќе почне да се применува глобално во наредниот период, а со тоа корисниците ќе бидат заштитени автоматски при комуницирањето со своите смартфони откако ќе го ажурираат својот Viber на најновата верзија v6.0 или понова. За било каков вид на комуникација добродојдена е поголема безбедност, во случајов со верификација на акаунтот. Корисниците ќе забележат ознаки во различни бои на десната страна на екранот, а секоја боја означува поинакво ниво на безбедност.
Со допир на сивото знакче на корисниците ќе им се прикаже прозорче кое им дава до знаење дека пораките кои ги пратиле соговорниците се енкриптирани.
Со зеленото знакче корисниците ќе имаат можност рачно да направат аутентификација на своите контакти означувајќи ги како безбедни. Тоа значи дека ќе се прати промена на клучот за аутентификација на означените контакти па така корисниците ќе бидат секогаш сигурни дека зборуваат со вистинската личност. Со допирот на зеленото знакче ќе се прикаже прозорче кое корисниците ги известува дека пораките кои ги праќа соговорникот се енкриптирани и дека контактот е проверен.
Ако постои проблем со клучот за аутентификација на претходно безбеден корисник, копчето ќе стане црвено. Промената може да значи само дека корисникот го сменил главниот мобилен телефон, но може да укаже и на пробна безбедност, па така корисникот мора повторно да го означи како безбеден. Со допир на црвеното копче ќе се прикаже прозорче со известување дека Viber не може да го верификува тој број.
Корисниците сега ќе можат и да ги скријат разговорите еден на еден од приказот на разговори така што никој не ќе може да им пристапи освен со четиризначен пин. Корисниците ќе можат да го скријат разговорот со допир на информациите за одреден чет. Мора да се внесе пин, а iOS корисниците отисок на прстот. Од тогаш ќе се добива нотификација за пораката во скриениот разговор, но содржината и испраќачот на пораката нема да бидат прикажани. Овој приказ не е двосмерен, што значи ако еден корисник го скрие разговорот, нема ништо да се смени кај примателот на пораката.