Екипа на ловечко друштво Сараево од утрово е на терен во обид да скроти мечка која шета низ улиците на неколку населби во староградското подрачје на Сараево.
Мечката е снимена како шета низ улиците на Вратник по што веднаш била известена полицијата. Жителите на оваа населба се многу вознемирени, пренесе Н1, а на учениците им било забрането да излегуваат надвор од зградата.
Претседателот на Сараевското ловечко друштво Муриз Буква потврдил дека ја следат мечката и ја упатуваат да се врати од каде што дошла.
„А ако треба ќе го заспиеме и ќе го вратиме… Во контакт сме со Факултетот за ветеринарна медицина. Ако почне да прави проблеми, ќе мора да го застреламе за да не повреди никого.“ – изјави Буква за Н1.
Ловците велат дека луѓето вршат притисок на живеалиштата на мечките со неодговорно однесување, мотори и АТВ низ шумите, што го нарушувало и животот на животните.