Skip to main content

Луѓето вршат притисок на живеалиштата на мечките со неодговорно однесување

(видео) Мечка шета низ улици на Сараево

Ловците велат дека луѓето вршат притисок на живеалиштата на мечките со неодговорно однесување, мотори и АТВ низ шумите, што го нарушувало и животот на животните.
 |  инфодеск  | 
Мечка во Сарево

Екипа на ловечко друштво Сараево од утрово е на терен во обид да скроти мечка која шета низ улиците на неколку населби во староградското подрачје на Сараево.

Мечката е снимена како шета низ улиците на Вратник по што веднаш била известена полицијата. Жителите на оваа населба се многу вознемирени, пренесе Н1, а на учениците им било забрането да излегуваат надвор од зградата.

Претседателот на Сараевското ловечко друштво Муриз Буква потврдил дека ја следат мечката и ја упатуваат да се врати од каде што дошла.

„А ако треба ќе го заспиеме и ќе го вратиме… Во контакт сме со Факултетот за ветеринарна медицина. Ако почне да прави проблеми, ќе мора да го застреламе за да не повреди никого.“ – изјави Буква за Н1.

Ловците велат дека луѓето вршат притисок на живеалиштата на мечките со неодговорно однесување, мотори и АТВ низ шумите, што го нарушувало и животот на животните.