(ВИДЕО) Силна експлозија одекна вечерва во Дубаи
Силна експлозија од засега непозната причина, одекнала вечерва во Дубаи. „Две противпожарни возила и други возила за итни случаи може да се видат како одат јужно од Дубаи на главниот пат што води кон Абу Даби“, јавил дописникот на Ројтерс.
| | Свет
Вечерва силна експлозија се случила на пристаниште во Дубаи.
Како што наведуваат очевидци, експлозијата била толку силна што цел град се затресол, а детонацијата најмногу е почувствувана во зградите на комерцијалниот центар на Обединетите Арапски Емирати.
Пристаништето на кое се случи експлозијата се наоѓа на 35 километри југозападно од Дубаи на Персискиот залив.
https://www.facebook.com/watch/?v=4031038403677351