Skip to main content

Викендов ќе се одржи Минхенска безбедносна конференција

Викендов, светските лидери ќе се соберат во хотелот „Бајеришер Хоф“ на тридневната Минхенска безбедносна конференција.
 |  инфодеск  | 

Викендов, светските лидери ќе се соберат во хотелот „Бајеришер Хоф“ на тридневната Минхенска безбедносна конференција. Минхенската безбедносна конференција ќе почне во петок, 14 февруари и ќе трае до недела, 16 февруари, осум дена до одбележување на третата година од руско-украинската војна.

Блумберг, повикувајќи се на разузнавачки избори објави дека САД ќе објават план за решавање на војната во Украина. Aмериканската делегација ќе ја претставатпретседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио. Предвидено е Венс во Минхен да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Конфликтот на Блискиот Исток исто така ќе биде на врвот на агендата на конференцијата во Минхен, поради стравувањата дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас е загрозен.

Минхенската безбедносна конференција е можен простор за средба и меѓу македонските и бугарскире високи претставници, со цел деблокада на евроинтеграцискиот пат на Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува средба на македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски со бугарскиот колега Георг Георгиев на маргините на конференцијата која започнува утре.