Корисниците на Facebook веќе се навикнаа секој месец на нивниот news feed да се појавуваат видео записи со порнографска или слична содржина во кои се означени бројни пријатели. Иако на сите веќе треба да им биде јасно дека таквите видео записи не прикажуваат секс на одредени личности туку кријат malware, но и понатаму бројни корисници кликаат на нив и на тој начин доаѓаат до заразување на нивните компјутери и понатамошно ширење на вирусот.
Експертот по безбедност, Mohammad Faghani предупредува дека во изминатите неколку дена по Facebook повторно се шири вирус кој досега заразил 110.000 корисници, но и понатаму брзо се шири. Од Facebook за Guardian го потврдиле овој проблем и велат дека работат на негово решавање и спречување на понатамошно ширење по мрежата. Во оваа компанија напоменуваат дека користат автоматски системи кои индентификуваат потенцијално опасни содржини и ги блокираат тие линкови, но во овој случај тие системи потфрлиле.
Спрема Faghani, на корисниците на Timeline им се прикажува preview на видеозапис со порнографска содржина и потребно е да се кликне на линк на кој би се прикажало целосно видеото, но пред тоа треба да се инсталира надоградба на flash. Секако, не станува збор за никаков flash туку корисниците на овој начин инсталираат малициозен програм кој автоматски ќе го објави истото видео на timeline на корисникот а воедно ќе означи нови 20-тина пријатели на кои ќе им се прикаже на нивните news feeds. Исто така, овој malware може да ја контролира тастатурата и глушецот, односно хакерите на овој начин ќе можат да следат сѐ што се пишува на тастатурата.
Бидете внимателни и не кликајте на вакви или слични софтвери како во овој пример – особено ако се работи за објава на која се означени бројни ваши пријатели.
{loadposition content9}