Европската комисија на својата веб-страница објави дека високо ниво на канцероген акриламид е пронајдено во чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија.
Известувањето се однесува на Хрватска и Србија, стои на веб-страницата на европскиот систем за брзо предупредување. Чипсот не влегол на хрватскиот пазар, а пратката била уништена.
Акриламид не може да се најде во свежата храна и главно се формира при преработка на храна на температури над 120 степени, како и при ниска влажност, што значи печење, пржење и други форми на подготовка. Најчесто се наоѓа во леб, помфрит, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.
Ова соединение беше подетално истражено и пронајдено во одредени видови храна во 2002 година во Шведска. Оттогаш јавноста е предупредена за нејзините последици, а особено загрижува поврзаноста со некои форми на рак. Акриламидот се претвора во телото во глицидамид, кој предизвикува мутации и ја оштетува ДНК. Како што соопшти хрватската агенција за храна, се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.