Skip to main content

Зимска идила

Вистинска снежна бајка во Хрватска

Зимска идила во Хрватска. Првиот поголем снег ги израдува тамошните жители, но предизвика и голем хаос во сообраќајот.
 |  инфодеск  | 
Снег Хрватска

Делови од Хрватска од денеска се прекриени со бела прекривка откако во текот на ноќта падна поголема количина снег. Првиот поголем снег во Хрватска ги израдува тамошните жители, но предизвика голем хаос во сообраќајот.

Поради зимските услови и силните ветрови на патните правци низ Лика и Горски котар, се исклучени од сообраќај камионите со приколки на правците Вукова Горица (А1) во правец Ријека/Дубровник и постојката Киковица (А6) во правец кон Загреб.

Во текот на ноќта и утрото снег падна и сè уште паѓа во Горски Котар и Лика, а побеле Платак, како и највисоките врвови Учка и Чиќарија – објавија денеска од Регионалната метеоролошка служба на Ријека.

Според метеорологот Игор Хорват, утринава во седум часот во Завижан се измерени 40 сантиметри снег, во Бегово Раздоље 33 сантиметри, во Делнице 27 сантиметри, а во Парго 21 сантиметар.

Во Црни Луг до седум часот се измерени 13 сантиметри снег, а во Огулин и Госпиќ четири сантиметри. Во Горски Котар продолжува да паѓа снег, а од вторник до среда се очекува нов снег на ова подрачје.