Skip to main content

Витлеем се подготвува за Божик

Во изминатите неколку дена десетици илјади верници се упатија кон родното место на Исус Христос, Витлеем, на Западниот брег за да учествуваат во прославата на големиот христијански празник.

 |  Маја Савиќ  | 
Vitleem
Витлеем

Vitleem zvezdaВо изминатите неколку дена десетици илјади верници се упатија кон родното место на Исус Христос, Витлеем, на Западниот брег за да учествуваат во прославата на големиот христијански празник.

Почетокот на празнувањето ќе биде означен со биење на камбани во Латинската патријаршија во христијанскиот кварт од стариот град во Ерусалим. Оттаму ќе почне и традиционалната божиќна процесија од Ерусалим кон Витлеем предводена од духовниот лидер на Римокатоличката црква во Светата земја.

Латинскиот патријарх Фуад Туал ќе се движи по јужниот пат околу осум километри придружуван од автоколона која ќе ја обезбедува израелската полиција, а потоа палестинските сили за безбедност.

Туал (70) ќе има полноќна литургија во црквата света Екатерина, римокатолички дел од црквата Раѓање Хростово во која е роден Исус. Празнувања ќе има и во Насзарет каде пораснал Исус Христос.

{loadposition content9}