Skip to main content

Властите во Вашингтон одобрија користење марихуана за медицински цели

Градската управа на административниот округ Колумбија, во кој влегува градот Вашингтон, вчера одобри користење на марихуана за медицински цели.

 |  Маја Савиќ  | 
marihuana
марихуана
marihuanaГрадската управа на административниот округ Колумбија, во кој влегува градот Вашингтон, вчера одобри користење на марихуана за медицински цели.

Вакви мерки веќе се во сила во 14 американски сојузни држави.
Согласно новиот локален закон, лекарите ќе имаат право да препишуваат марихуана на пациенти кои страдаат од тешки хронични заболувања како СИДА, артеросклероза и глаукома.
Во Вашингтон ќе бидат формирани осум диспанзери, кои ќе добијат официјално одобрение да препишуваат марихуана на лекарски рецепт.
Диспанзерите ќе се снабдуваат од лиценцирани производители на марихуана, кои имаат право да одгледуваат на затворени до 95 корени од растението.
{loadposition content9}