
Стив Кампер, член на Австралиската работничка партија и актуелен министер за спорт, министер за земјиште и имот и министер за мултикултурализам во Австралија извјави дека Централната железничката станица во Сиднеј во четврток ќе светне во боите на македонското знаме со цел да ја изразат нивната поддршката за погодените од пожарот во ноќниот клуб во Кочани.
-Моето срце е со сите овие жртви, нивните семејства и нивните најблиски, вклучувајќи ги и многуте луѓе кои беа критично повредени. Нашите мисли се со гордата македонска заедница низ нашата држава во ова тешко време, додаде во неговата објава.
Претходно, и Мелбурн и Перт оддадоја почит на загинатите и повредените во пожарот во Кочани, осветлувајќи ги главниот плоштад на Мелбурн, Federation Square, како и Националната галерија на Викторија, но и зградата на општината во Перт, во боите на македонското знаме.
