Skip to main content

Полициска акција

Во Црна Гора е во тек потрага по руски шпиони

Во Подгорица се уапсени неколку црногорски државјани под сомнение дека работеле за руската разузнавачка служба, објави „Вијести“.
 |  инфодеск  | 
Полиција Црна Гора

Во Подгорица се водат истраги по барање на Специјалното обвинителство за кривично дело шпионажа, потврди за Радио Слободна Европа специјалниот обвинител Вукас Радоњиќ.

По барање на Специјалното државно обвинителство, а по наредба на Вишиот суд во Подгорица, полицијата врши претрес на станови и други простории на повеќе граѓани, поради постоење основано сомнение дека се сторени кривичните дела создавање криминална организација и шпионажа. Досега никој не е лишен од слобода – изјави портпаролот Радоњиќ.

Премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ на седницата на Владата ја поздрави акцијата на Специјалното државно обвинителство.

Тоа е меѓународна акција што се спроведува со нашите партнери и која има за цел да ги зачува националните интереси на Црна Гора – вели Абазовиќ.

Претходно „Вијести“ од Подгорица, повикувајќи се на податоци на Националната агенција за безбедност (АНБ), објави дека во Подгорица се уапсени неколку црногорски државјани под сомнение дека работеле за руската разузнавачка служба.

Според податоците на АНБ, едно од уапсените работи за руската служба повеќе од една деценија и е дел од поширока група чии членови познати на АНБ. Наводно се работи за вработен во државната администрација.

„Вијести, повикувајќи се на неименуван извор додаде дека акцијата на АНБ и Специјалното обвинителство е само почеток на активностите за откривање соработници на странски разузнавачки служби.