Во Дубаи запленет кокаин вреден 136 милиони долари
Полицијата во Дубаи заплени 500 килограми чист кокаин, чија вредност е 136 милиони долари на илегалниот пазар, објавија денеска локалните власти.
| | Свет
Полицијата во Дубаи заплени 500 килограми чист кокаин, чија вредност е 136 милиони долари на илегалниот пазар, објавија денеска локалните власти.

Полицијата уапси едно лице со потекло од Блискиот Исток.
Лицето било посредник во меѓународната организација за шверц на дрога, се вели во соопштението.