Skip to main content

Пандемија

Во Германија се укинува карантинот

Од 1-ви мај заразените со ковид-19 нема да одат во карантин. Тоа ќе биде само доброволно, соопшти министерот за здравство Карл Лаутербах.
 |  инфодеск  | 
Германско знаме

Во Германија од 1-ви мај заразените со ковид 19 нема да одат во изолација. Карантинот ќе биде само на доброволна основа, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах.

Берлин граѓани

Тој додаде дека Министерството за здравство на заразените лица ќе им издаде само препорака да бидат во изолација пет дена.

Додека за медицинските работници ќе важат правила за карантин односно тие ќе мора да се во карантин и по пет дена да се тестираат.