Во Грција вкупно регистрирани 26 случаи на Омикрон
Во овој момент имаме потврдени 26 случаи на варијантата Омикрон, но да не се задржиме на оваа бројка, бидејќи се очекува да видиме повеќе случаи, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција Теоклос Заути, јави дописничката на МИА од Атина.

Заути објасни дека поголемиот број од овие случаи не се поврзани со патување во некоја од земјите каде што е раширен новиот сој.
Ова ни покажува дека вирусот е присутен во нашето општество, истакна претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција и додаде дека случаите се регистрирани на Крит, во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во областа Ланонија на Пелопонез.
Во изминатите 24-часа, во Грција беа регистрирани 3.689 новозаразени, починаа 85 лица, а 670 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници, од кои 555, односно 82,84 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.
Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 1.037.759 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 19.976 лица.