Повеќе од 36.000 луѓе се раселени од своите домови поради големите поплави во североисточна Италија, соопштија денеска регионалните власти.
Надојдената вода проголта голем број куќи и предизвика лизгање на земјиштето во изолираните села. По врнежите на почетокот на оваа недела, загинаа 14 лица, а улиците во градовите и населбите во регионот Емилија-Ромања беа претворени во реки.
Бидејќи дождот продолжува да паѓа, регионалните власти го продолжија црвеното метео предупредување за утре.
Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека рано го напушта самитот на Групата 7 во Јапонија за да се справи со вонредната состојба.
Мелони се очекува да ги обиколи некои од најтешко погодените области.