Skip to main content

Атина

Во пожар изгореа хуманитарни пакети за Украина

Кутии со хуманитарна помош за Украина изгореа во пожар што изби во надворешниот дел на спортска сала во Атина.
 |  инфодеск  | 
Пожар Атина

Во пожар, што од засега непознати причини изби во надворешниот дел на спортска сала во Атина, целосно се уништени кутии со облека и покривки, дел од хуманитарна помош наменета за Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот, што е ставен под контрола, интервенирале десет пожарникари со три возила.