Мајмунски сипаници
Во САД прогласена вонредна состојба
Американскиот претседател Џо Бајден ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници во САД како закана за јавното здравје.
Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници.
Подготвени сме да го подигнеме нашиот одговор на следното ниво и барам од секој Американец сериозно да ги сфати мајмунските сипаници – рече американскиот министер за здравство Ксавиер Бекера.
Одлуката ќе биде во сила 90 дена, но министерот за здравство може да ја продолжи. Во последните 15 години во САД се прогласени 4 вакви закани.
Во светот се пријавени повеќе од 26.000 случаи на инфекција со мајмунска сипаница, од кои повеќе од 6.600 се во САД.


