Skip to main content

Во Србија пристигна последната пратка од „Синофарм“

На аеродромот во Белград „Никола Тесла“ утрово пристигна последната пратка со половина милион дози од кинеската вакцина на „Синофарм“.

 |   | 

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека последната испорака на „Синофарм“ според договорот пристигнала утрово, што е вкупно четири милиони дози на вакцини купени од Кина и испорачани со осум летови од јануари до сега.

„Благодарение на оваа сериозност на кинеските партнери, достигнавме 45 проценти вакцинирани од возрасната популација. Но, тоа не е доволно за колективен имунитет“, рече Брнабиќ и ги повика младите да се вакцинираат што е можно побрзо за да се стави крај на пандемијата.

„Ние сме исто така благодарни што тие направија многу повеќе од договореното и што доставија четири милиони дози вакцини во најкус можен рок. Кинеската армија испрати 200.000 дози, така што добивме вкупно 4.200.000 дози вакцини ‘Синофарм’“, истакна Брнабиќ во своето обраќање.