Додека новиот шеф на Volkswagen најавува дека компанијата “има сеопфатен план” за решавање на скандалот, во САД, каде и започна аферата, започнаа да пристигнуваат првите тужби на измамени купувачи.
Како што пишува Wall Street Journal, повеќе од 20 тужби веќе биле предадени во американските судови. Адвокатите очигледно не губеле време бидејќи Агенцијата за заштита на човековата околина објави порано во септември дека Volkswagen фалсификува податоци за издувните гасови.
Во поднесените тужби се тврди дека купувачите се измамени и се бара оштета за губење на вредноста на автомобилот. Исто така, се бара и компензација поради повисоката цена која купците ја платиле за дизел моторите во однос на бензиските, а кои се рекламирале како чисти со импресивна снага и економична потрошувачка.
Од Volkswagen немале коментар.
Компанијата претходно сигнализираше дека наскоро ќе повика на сервис 11 милион автомобили во кои е спорниот софтвер кој ги фалсификува податоците. Во таа бројка се вклучени 5 милиони возила на VW, 2,1 милион на Audi, 1,2 милиони на Skoda, 700.000 Seat и 1,8 милиони лесни комерцијални возила.