Skip to main content

Волшебно пенкало

Овозможува цртање во сто илјади нијанси

 |  инфодеск  | 

Пенкалото под името “Scribble” му овозожува на корисникот да избере било каква боја од опкружувањето и да ја искористи за цртање на хартија или на телефон.

Уредот кој наскоро ќе се најде во продажба, може да сочува 100.000 нијанси во интерната меморија и ќе може да репродуцира преку 16 милиони бои.

Боите се детектираат со помош на сензор и микропроцесор, а потоа мастилото се меша и се припрема за пренесување на хартија.

Дизајнерите од Калифорнија го опишуваат пенкалото како прво на светот кое избира бои и може да се нарече “гаџет”.

“Со помошна Scribble дури и далтонистите ќе можат да цртаат во сите бои”, велат пронаоѓачите на пенкалото на иднината.

{loadposition content9}