Skip to main content

Volvo претстави невидлив спреј кој ги штити велосипедистите

Подобрување на безбедноста на велосипедистите

 |  инфодеск  | 

Компанијата Volvo пронашла решение за подобрување на безбедноста на велосипедистите во вечерните часови. LifePaint e ново, иновативно решение кое велосипедистите ќе ги направи повидливи на улиците и на тој начин ќе ги спречи сообраќајните несреќи на кои велосипедистите се често изложени.

Спрејот, во соработка со агенцијата Gray London го лансираше Volvo и на велосипедистите во Лондон им поделил 2.000 шишиња од овој спреј, а од компанијата порачале дека ќе го зголемат производството ако во тестниот период производот се покаже како делотворен.

Од Volvo порачуваат и дека спрејот е потполно невидлив, се нанесува на облеката и велосипедот, не остава траги, не ја уништува облеката и лесно се пере, а кога се нанесува во контакт со светлата од автомобилот создава површина која дава доволна светлина која велосипедистите ги чинат воочливи на улица.

Во Велика Британија во 2013 година во сообраќајни несреќи страдале 19.000 велосипедисти, а оваа бројка секојдневно расте.

Имајќи во предвид дека сѐ поголем број на луѓе користат велосипед, важно е да се направи нешто за нивната безбедност. “Најдобар начин да се преживее несреќата е да ја избегнете”, порачала креативната директорка Hollie Newton.

Минатата година во Финска е произведен сличен рефлектирачки спреј кој е осмислен за да ги заштити собовите на патиштата кои се во близина на шумите.

На видеото можете да погледнете како функционира овој спреј:

{loadposition content9}