Skip to main content

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на ОН ќе одржи денеска вонредна седница посветена на ситуацијата во Газа, соопштија дипломатски извори.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo UN
лого ОН
Советот за безбедност на ОН ќе одржи денеска вонредна седница посветена на ситуацијата во Газа, соопштија дипломатски извори.

На седницата ќе учествува и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој подоцна денеска заминува во еднонеделна обиколка на Блискиот Исток.

„Запрете веднаш! Конфликтот веќе зеде доволно жртви“, изјави синоќа на прес-конференција генералниот секретар на ОН.

UNБан Ки-мун утре ќе пристигне во Каиро, за да се приклучи кон меѓународните напори за постигнување мир во Газа.Минатиот четврток Советот за безбедност ја усвои резолуцијата 1860, со која го повикува Израел и исламистичкото движење Хамас во Газа неодложно да склучат примирје. И Израел, и Хамас одбија да го исполнат повикот на Советот за безбедност на ОН.

 

 

{loadposition content9}