Вонредна состојба во градот Шарлот, САД
Властите распоредуваат Национална гарда на улиците и полициски час
Насилствата во најголемиот град во Северна Каролина, Шарлот траат веќе две ноќи откако демонстранти се судрија со полицијата по убиството на еден афро американец.
Полицијата тврди дека тој имал оружје и одбил да ги спроведе наредбите на полицаецот, но роднини на убиениот велат дека не бил вооружен, туку дека држел книга, а не пиштол. Во тек е истрага за инцидентот.
Медиумите пренесуваат две различни приказни за трагичниот настан, според едни сведоци Скот бил невооружен и не претставувал никаква закана, додека пак полицијата тврди дека во раката носел пиштол и морале да применат смртоносна сила.
Во судирите полицијата употребила солзавец и гумени куршуми, со цел да ги растера демонстрантите, меѓу кои имало и многу агресивни лица.
Одлуката за воведување вонредна состојба ќе им овозможи на властите да распоредат единици на Националната гарда и сообраќајна полиција, кои ќе и помогнат на локалната полиција да ја контролира ситуацијата.


