Skip to main content

Дождот не престанува

Вонредна состојба во Словенија

Во изминатите 12 часа на некои места паднаа 200 л. вода на м2 што е рекорд откако се прават мерењата, посочуваат метеоролозите, најавуваат постабилно време од понеделник.
 |  инфодеск  | 

Во Словенија издадена е црвена тревога од поплави. Долготрајни поројни дождови и излевање на реките се очекуваат и денеска, објави Агенцијата за животна средина.

Земјата е во вонредна состојба поради невремето кое предизвика досега невидени поплави. Потврдено е дека досега загинаа три лица, од кои двајца холандски државјани. Илјадници луѓе се евакуирани.

Хидролозите најавуваат смирување на ситуацијата со реките во текот на утрешниот ден.

Министерот за одбрана на Словенија, Марјан Шарец, изјави дека земјата ќе побара меѓународна помош заради справување со последиците од поплавите, кои се опишуваат како катастрофални.

Во изминатите 12 часа на некои места паднаа 200 литри вода на квадратен метар, што е рекорд откако се прават мерењата, посочуваат метеоролозите, најавуваат дека времето ќе почне да се подобрува од понеделник.