Индиската авио-компанија Air India во декември воведува лет кој ќе биде најдолг во светот – од Њу Делхи до Сан Франциско кој ќе трае скоро 16 часа кон САД и 17 часа назад кон Индија.
Авионот во еден потег ќе прелета 12.379 километри што претставува една третина од кругот околу Земјата.
Овој рекорд би требало да трае до февруари идната година за кога Обединетите Арапски Емирати ќе воведат лет од Дубаи до Панама Сити кој е долг 13.821 километар и кој ќе има времетраење 17 часа и 30 минути.