Skip to main content

Еве зошто вработените во Apple никогаш не сакале да ручаат со Steve Jobs

Не сакале ниту да се возат во лифт заедно

 |  инфодеск  | 

David Black рбаотел во Apple скоро 12 години пред да ја напушти компанијата и да отвори свој бизнис. Во разговор со Business Insider открил неколку занимливости за покојниот челник на Apple, Steve Jobs, и неговиот однос со вработените.

Како што тврди Black, во Apple никој за време на ручекот не сакал да седи на иста маса со Jobs од едноставна причина што тој често имал обичај да ги прашува вработените – на што точно работат. Ресторанот по правило се празнел за 15-20 минути кога шефот ќе се појавел таму, бидејќи за разговор со него секогаш требало да си добро припремен.

Имено, една од првите работи што ја учат во Apple е токму тоа, вработените да знаат добро на што работат и која е нивната работа.

Black открил и анегдота за вработените кои се сретнале со Jobs во лифтот. Во една прилика Jobs во лифтот го прашал еден приправник со што се занимава, а овој му одговорил дека работи на контрола на квалитетот. Понатаму Jobs му рекол: “Зошто тогаш одиш долу? Би требало да се вратиш и да работиш на контрола на квалитетот на производите.” Приправникот пребледел од страв, но Jobs му рекол дека сепак се шегувал.

“Тоа е една од причините зошто никој не сакал да му е во близина. Во таков случај секогаш треба добро да се изреагира на лице место”, раскажува Black.

{loadposition content9}