Втор терористички напад во Русија за 24 часа
Меѓу повредените има и едно дете во критична состојба, но и една трудница.
Најмалку 14 лица погинале во експлозија која се случила утрово во тролејбус во центарот на Волгоград, во вториот бомбашки напад во овој град во последните два дена, јавува РТ. РИА Новости јавува дека најмалку 25 лица биле повредени, а сообраќајот е во колапс.
Меѓу повредените има дете кое е во критична состојба и една трудница.
Експлозијата се случила само еден ден откако жената самоубиец активирала експлозив на главната железничка станица во Волгоград, при што погинале најмалку 15 лица, а десетици биле повредени. Очевидците изјавиле дека пред експлозијата се’ било мирно и спокојно, посебно поради празниците. Кога одекнала експлозијата, настанала општа паника.Алина Аверјасова, очевидец на трагичната случка, изјавила дека се разбудила од страшната експлозија. Кога погледнала низ прозорот, видела разнесен автобус и луѓе кои панично бегаат.
Полицијата и пожарните возила пристигнале за неколку минути. Некои биле повредени, па на самото место пристигнала и итна помош. Од силната експлозија се скршиле и прозорите од околните згради, изјавиле властите за руските медиуми.
Руски Новости известува дека на местото на нападот, по налог на Владимир Путин, пристигнал и директорот на ФСБ, Александр Бортников.
Овие напади се случуваат на 40 дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи, на брегот на Црното море. Алексеј Попов, поранешен руски припадник на специјалната едицина Алфа, истакнал дека за нападот се одговорни терористите од истиот ланец, а ова го прават за да ги заплашат луѓето.
{loadposition content9}