Втората црна кутија од Germanwings потврдува намерно рушење на авионот
Податоците од втората пронајдена црна кутија потврдиле забрзување на авионот кон Алпите
Податоците покажале “константно забрзување, додека авионот одел кон планината”.
Како што пренесуваат агенциите, снимачот на звук и другите податоци од црната кутија ги потврдиле сознанијата дека копилотот Andreas Lubitz сочекал пилотот да излезе од кабината, ја заклучил вратата, а потоа намерно го насочил авионот кон планината и се одвел себеси и уште 149 лица во смрт.
“Првото читање покажало дека копилотот во кокпитот користејќи го автопилотот го насочил авионот кон земјата, ја намалил висината, а потоа неколку пати понирајќи ја зголемувал брзината”, соопштила француската агенција за истраги на авионски несреќи EBA.
Втората црна кутија е пронајдена вчера, девет дена по падот на Airbus 320 на Germanwings во кој настрадаа 150 луѓе.
Германските истражители соопштиле и дека Lubitz на интернет истражувал теми за самоубиства и читал за различни начини на кои човек може сам себеси да си го одземе животот, како и дека истражувал безбедносни системи во кабините на комерцијални авиони.
{loadposition content9}


