Седницата на која претседателот на Србија ќе положи заклетва пред пратениците за втор претседателски мандат ќе биде одржана на 31-ви мај во Собранието.
Александар Вучиќ на 3-ти април победи на редовни избори со 58,59 проценти од вкупните гласови на граѓаните кои гласале во првиот круг.
Актуелниот претседател својот мандат го започна на 31-ви мај 2017 година, кога свечено положи заклетва.