Skip to main content

Вулканот Мајон се разбуди, однесе пет жртви

Еден од најактивните вулкани на Филипини денеска исфрли големо количество на камења и пепел , усмртувајќи на тој начин најмалку пет алпинисти, информираа филипинските медиуми.

 |  Голабовски Крсте  | 
mayon
мајон

Еден од најактивните вулкани на Филипини денеска исфрли големо количество на камења и пепел , усмртувајќи на тој начин најмалку пет алпинисти, информираа филипинските медиуми.

mayonСпасувачки тимови со хеликоптери се упатија кон планината Мајон на околу 340 километри од Манила за да ги извлечат мртвите тела на алпинистите и да ги згрижат повредените , од групата од околу 20 тина алпинисти кои биле затекнати од ненадејната ерупција на вулканот, изјави гувернерот на покраината Албеи Џои Салкеда.

Алпинистите биле усмртени од огромното количество на камења кои биле исфрлени од кратерот на вулканот , меѓу загинатите  има по еден алпинист од Германија и Австрија, потврдија тамошните власти ,а пренесе агенцијата АП.

Директорот на Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија Ренато Солидум изјави дека нема ништо невообичаено во ерупцијата на вулканот „на чудната “планина Мајон, според него во изминатите 400 години биле регистрирани околу 40 ерупции на овој вулкан.

{loadposition content9}