Очигледно е дека долгите и беспредметни дискусии околу отфрлањето на “Start” ја натера екипата од Редмонд да врати уште еден митски состваен дел од Wndows која одбележа еден голем период наназад.
Се работи за играта Solitaire која заедно со игрите Minesweeper и Hearts беа заштитен знак на Windows и играње на компјутерите, се додека во Windows 8 и 8.1 не беа исфрлени. Игратра не исчезна потполно бидејќи беше достапна на официјалниот Windows Store, но како и за класичното копче Start така и за играта, поприлично голем број на корисници сакаа играта да си биде на своето место: Start-Programs-Accessories-Games.
Колку е тоа важно или не, зависи од личната перцепција и потребата од користење на компјутерот, но не се сомневаме дека постои огромен број на заљубеници во оваа карташка, а истовремено логичка игра, која и ден денес ја користат многумина за малку одмор и бегање од секојдневните работни задачи.
Затоа, сега кон крајот на јули, кога и официјално ќе биде објавен Windows 10, Solitaire ќе биде вратен како неизоставен дел од оперативниот систем. Засега Minesweeper и Hearts не се вратени, но до официјалното објавување на финалната и стабилна верзија, не е невозможно во Microsoft и тоа да го направат. Моментално е сигурнпо тоа дека Solitaire нема да има потреба да го спуштате од Windows Store туку ќе биде составен дел на оперативниот систем.
{loadposition content9}