Кога се продава интернет џин како што е Yahoo тогаш секако дека потенцијални купци се исти такви џинови.
Некогаш Yahoo беше синоним за интернетот и сите услуги кои се користат на него. Иако звучи неверојатно, во тоа време Google не беше ниту во пелени, бидејќи Yahoo е основан во 1994 година а Google четири години подоцна. Но, староста и присутноста на пазарот никогаш не биле гаранција за опстанок или за задржување на доминантната позиција. И додека Yahoo воглавно тонеше, Google растеше и денес практично се неспоредливи кога е во прашање глобалното влијание на користење на web технологијата.
Ниту Marrisa Mayer, која во Yahoo беше дочекана како спасителка, не успеа компанијата да ја доведе на финансиско ниво кое би гарантирало мирно патување низ финансиите.
Дефинитивно Yahoo е на продажба и на 11 април и ќе се отвори простор за потенцијалните купци, а без оглед на нестабилноста на оваа компанија, ова би можело да биде трансакција на годината. Во тој контекст се спомнуваа практично сите IT великани, но спрема последните информации кои ги носи Bloomberg, Microsoft, Comcast и AT&T се откажале од потенцијално купување. Така засега како најизгледни купувачи се споменуваат Verzion и Google, иако во игра се и неколку банки и инвестициски фондови. Од Google, иако е во игра, неофицијално соопштиле дека не е сигурно дали ќе дадат своја понуда и дека само размислуваат за тоа.
Портфолиото кое го има Yahoo, независно од проблемите, и тоа како е примамливо па затоа ќе биде интересно да се следи целата приказна околу купопродажбата.