Мобилната апликација на YouTube пружа можност на намалување на прозорчето односно видео-записот кога сакате да побарате некое друго видео, а тоа го прави без прекинување на видеото кое моментално го гледате. Истата функционалност сега ја носи додатокот YouTube Picture in Picture Chrome за десктоп и лаптоп компјутерите.
Кога ќе се инсталира додатокот, било кој видео-запис може да се спушти во долниот десен агол за да пребарувате други видео-записи или канали, а видеото кое го гледате ќе биде прикажано во мало прозорче.
Исто така, може да се зголеми или да се исклучи активниот видео-запис со помош на контролните копчиња кои се појавуваат кога поминувате со глушецот на активниот прозорец.
Ако YouTube се користи секојдневно, тогаш овој додаток едноставно е пожелно да се инсталира, а тоа може да се направи на следниот линк.