Skip to main content

Вооружен напад

Загинаа две лица при пукање во Алабама

Две лица загинаа при пукање во црква во близина на еден од најголемите градови во американската сојузна држава Алабама.
 |  инфодеск  | 
Полициска сирена

Две лица загинаа при пукање во црква во американската држава Алабама. Напаѓачот е уапсен, соопштија денеска властите.

Пукањето се случило за време на собир на мала група луѓе во епископската црква „Свети Стефан“ во Веставија Хилс, град со околу 34.000 жители.

Уапсениот влегол во црквата и пукал, при што повредени се три лица, од кои две им подлегнале на повредите.

Ова не би требало да се случи никогаш ниту во црква, ниту во продавница, ниту во градот, ниту каде било – изјави гувернерката Кеј Ајви.