Skip to main content

Страшна несреќа

Загинаа првите луѓе на рускиот фејсбук

Мултимилионерот Владимир Габриелјан и неговата група го истражувале далечниот полуостров Канин во северна Русија.
 |  инфодеск  | 
Несреќа русија

Двајцата лидери на социјалната мрежа наречена „руски Фејсбук“ загинаа вчера откако нивното теренско возило (АТВ) се превртело во разбеснета арктичка река.

Заменик-извршниот директор 39-годишниот Владимир Габриелјан и директорот за набавка 44-годишниот Сергеј Мерзљаков ги загубија животите по неуспешниот обид да ја преминат реката Бољшој Бугрјанец во областа Аркангелск во северна Русија.

Силен порој го превртел нивното возило кое потоа удрило во карпите. Габриелјан и Мерзљаков успеале да излезат од автомобилот, но починале од хипотермија бидејќи носеле мокра облека, а температурата била околу нулата. Спасувачите ги пронашле нивните тела на брегот на реката.

Сопругата на Габриел, Елена и нивниот пријател Сергеј Олсевич, кој ги придружувал во друг АТВ, кој исто така бил превртен од реката, за чудо преживеале откако пешачеле околу 26 километри за да стигнат до најблиската колиба и да ги повикаат властите, пишува Дејли мејл.

Мултимилионерот Габриелјан и неговата група го истражувале далечниот полуостров Канин во северна Русија.

ВК е најголемата руска платформа за социјални медиуми која функционира слично на Facebook.

Утрово дознавме дека Владимир Габриелјан и Сергеј Мерзлјаков загинале во трагична несреќа. Тагуваме заедно со нивното семејство, пријателите и најблиските. Владимир и Сергеј засекогаш ќе останат дел од нашиот тим – соопшти вчера ВК.

Габриелјан е во бордот на ВК од март, а заменик генерален директор од 2019 година.