Авионот кој вчера исчезна по полетувањето од Сплит е пронајден на неколку стотини метри од Броќанска коса, а надлежните истакнуваат дека нема црна кутија.
Во падот на авионот Цесна, кој денеска беше пронајден кај Раковица, загинаа сите четворица патници, изјави директорот на хрватската цивилна заштита, Дамир Трут.
Имаше 400 трагачи и тие ја завршија задачата и го пронајдоа леталото. Веднаш штом беше забележано од воздух, беа испратени копнени сили. За жал, беше потврдено дека сите патници на Цесна загинаа и во тек е полициска истрага – кажа Трут.
Потрагата по малиот спортски авион од типот „цесна 182“ со четири патници траеше од вчера претпладне откако во 11:25 минути тој исчезна од радарите. Беше објавено дека последните зборови на пилотот биле панични, но досега не се знаеше што се случило, пред сѐ поради лошите временски услови.